среда, 10 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Босилово

Општина Босилово со богата Новогодишна и Божиќна програма за граѓаните

петок, 20 декември, 2024 | 16:24
in Босилово, Вести
Општина Босилово со богата Новогодишна и Божиќна програма за граѓаните

Општина Босилово се подготвува за Новогодишните и Божиќните празници. Направи богата програма за сите возрасти со настани кои ќе се одржуваат од 25 декември 2024 до 12 јануари 2025 година.

„Новогодишната магија – Босилово 2025“ ќе започне со новогодишна забава за деца на 25 декември (среда) во 12:00 часот на центарот во Босилово, каде ќе се одржи интерактивна забава со јунаците од цртаните филмови (аниматори за деца), фотографирање со Дедо Мраз и делење на новогодишни пакетчиња.

Следниот настан ќе биде во четврток, 26 декември од 19:00 часот во Домот на културата во Босилово, каде КУД ФА „Гоце Делчев“ од Босилово ќе одржи Новогодишен концерт.

На 27 декември (петок) напладне, во 12:00 часот, во Домот на културата во Босилово ќе се одржи Новогодишна приредба на учениците од ООУ „Гоце Делчев“ од Босилово.

Во недела (29 декември) е Новогодишниот базар. Ќе се одржува на центарот во Босилово од 13:00 часот, а ќе биде збогатен со изложба на новогодишни ракотворби, дегустирање на греано вино, греана ракија, топол чај, домашни колбаси, а сето тоа збогатено и со музика.

Новогодишен настан ќе има и во селото Секирник, на 30 декември (понеделник) во 10:00 часот. Во Домот на културата во Секирник учениците од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Иловица ќе изведат новогодишна претстава за деца.

На 4 и 5 јануари (сабота и недела) во Мултифункционалниот центар во Босилово ќе се одржи Новогодишно-Божиќен турнир во шах.

На првиот ден од Божиќ, 7 јануари (вторник), Општина Босилово ќе организира Хуманитарна акција – „Божиќни празници за сите“, на која ќе дели пакети со храна и пијалоци за социјално загрозени семејства.

На 9 јануари (четврток), во 13:00 часот по четврти пат во Етно ресторанот „Кај Виктор“ ќе се одржи традиционалната Божиќна средба „Сите сме исти и сите заслужуваме радост“.

Последниот настан од „Новогодишната магија – Босилово 2025“ ќе се одржи на 12 јануари (недела) од 18:00 часот во Домот на културата во Босилово, каде ќе биде прикажан новогодишниот филм „Јорговани“.

Од Општина Босилово јавната покана до сите граѓани: „Ве очекуваме, заедно да прославуваме, да се дружиме и да уживаме во новогодишната атмосфера“…

ShareTweetShare
Previous Post

Реновиран центар за дијализа во Струмица – подобрени услови за пациентите

Next Post

„Новогодишна магија“ се случи синоќа – полна сала народ собра пари за лекување на една мајка на две деца

Related Posts

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица
Вести

Среда и четврток посебен режим на сообраќај кон црквата „Св. Петнаесет“ по повод патрониот празник на Струмица

вторник, 9 декември, 2025 | 16:52
Приведен крадец во Струмица, украденото вратено на сопственичката
Вести

Уапсен 22-годишен жител на Струмица – физички ја нападнал сопругата

вторник, 9 декември, 2025 | 12:55
„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура
Вести

„Распеани Струмичани“ со годишен концерт на 12 декември во Центарот за култура

понеделник, 8 декември, 2025 | 21:08
Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist