Денеска околу 9 часот на регионалниот пат Струмица-Радовиш, во близина на селото Владиевци се запалила цистерна која превезувала дизел-гориво.
Од Територијалната противпожарна единица – Струмица соопштија дека интервенирале во 9.18 часот со 2 противпожарни возила и 6 пожарникари-спасители и благодарение на нивната брза интервенција пожарот бил навремено локализиран и ликвидиран.
Од Авто-мото сојузот на Македонија соопштија дека од 9.45 часот регионалниот пат Струмица–Радовиш бил затворен за сообраќај поради опожарено товарно моторно возило.
ДОПОЛНЕТО – АМСМ соопшти дека во 10.37 часот сообраќајот на регионалниот пат бил нормализиран.
Фотографиите се преземени од Фејсбук страницата на ТППЕ – Струмица.