„Се она што го зборуваш не се празни флоскули, туку тоа и стварно го мислиш. Затоа што тоа сум го почуствувал директно на свој грб“, кажа Ѓорги од Босилово, на средба на д-р Венко Филипче со жители од Босилово каде тој во име на Регионалниот изборен штаб ја промовираше програмата на кандидатот за претседател Стево Пандаровски.
Ѓорги кажа пример како на д-р Филипче во мај 2018 година, кога бил министер, му праќа СМС порака, се пожалил дека не може да добие соодветна терапија на Онкологија во Скопје, каде примал хемотерапија за бубрезите. Одговор веднаш добил од д-р Филипче и му помогнал со решавање на проблемот што го имал тој како пациент.