Деновиве се реализираше трибина посветена на жени претприемачки- инспиративни жени кои секојдневно рушат бариери и создаваат позитивни промени во нашето општество.
Трибината се одржа во рамките на поединечната активност „Подобрување на економската положба на жената“, составен дел од Програмата за еднакви можности на мажите и жените на општина Струмица и финансиски поддржана од истата програма за 2024 година, а имплементирана од страна на Здружението Совет за промоција и развој на женско претприемништво од Струмица.
Говорнички на настанот беа претприемачки со сопствени успешни приказни каде преку инспиративни дискусии и споделени искуства, уште еднаш потврдивме дека жените се клучен двигател на економскиот развој и иновациите.