Македонскиот одбојкарски првак „Струмица“ вечерва доживеа пораз од грчкиот „Олимпијакос“ со 3:0 во првиот натпревар од квалификациите за Лигата на шампионите.
Грците доминираа на средбата која се одигра во спортската сала „Парк“ во Струмица и во трите сета славеа со победа – 25:15, 25:17 и 25:15.
Волков со 8 поени беше лидер кај Струмица, додека пак Атанасијевиќ го предводеше победникот со 18 поени. Реваншот е на 24 септември на терен на „Олимпијакос“.