Екипата на ОК „Струмица Никоб“ со 10-от шампионски трофеј во домашниот одбојкарски шампионат. Струмичани на домашен терен во финалето од плејофот го совладаа ГОК „Борец“ и со 3:0 во победи ја завршија серијата со велешани. Одбојкарите на Струмица се старо-нови шампиони на Македонија во машка конкуренција.