Вечерва одбојкарите на шампионот „Струмица Никоб“ го доживееја првиот пораз ова сезона, и тоа дома во Спортската сала „Парк“ во Струмица од тетовчани, одбојкарите на „Шкендија“ со резултат од 2:3 во сетови (25:18, 17:25, 21:25, 25:19, 13:15).
Неизвисна беше целата игра во дербито на 2-то коло од плеј-оф делот во домашниот одбојкарски шампионат, а петтиот сет беше решавачкиот во кој струмичани го загубија со 15:13.
И со овој пораз одбојкарите на „Струмица Никоб“ остануваат први на табелата, но овој пат не се сами, со ист број на бодови се и тетовчани кои сега се во рамноправна трка за привилегираната позиција во разигрувањето.