Македонскиот одбојкарски шампион ОК „Струмица“ со 3:1 во сетови го загубија првиот првиот контролен натпревар во пресрет на настапите во квалификациите од ЦЕВ Лигата на шампионите, кој денеска на домашен терен го играа со екипата на ОК „Дубочица“ од Лесковац.
Дуелите на квалификацискиот турнир од Лигата на шампионите ќе се одржат во Бургас од 27 до 29 октомври, а според најавата од ОК „Струмица“, екипата во следниот период треба да има уште неколку меѓународни контроли со екипи од Бугарија.