Одбојкарите на шампионот „Струмица“ вечерва во 19:00 часот во Спортската сала „Парк“ го продолжуваат европското патување со натпреварот од 1/16-финалето на Купот на ЦЕВ против германскиот „СВД Дирен“.
Новиот предизвик за тимот на искусниот стратег Кире Ричлиев е вистинската „легија на странци“ од Бундеслигата, која минатата сезона заврши како полуфиналист во плеј-офот, каде беше поразен од актуелниот првак „БР Берлин Волеј“.