Од утре, 20 декември, па се до 12 јануари во Спортската сала „Парк“ во Струмица ќе се одржува првиот турнир во мал фудбал насловен Меморијален турнир „Благој Истатов 2023/2024“ со награден фонд од 1.200.000 денари.
24 екипи ќе се натпреваруваат на турнирот, освен од Струмица и Македонија учество ќе земат и по една екипа од Солун, Грција и од Врање, Србија, кои на турнирот му даваат меѓународен карактер.
Првопласираната екипа ќе добие 600.000 денари, втората 300.000 денари, третата 100.000 денари, а четвртопласираната 50.000 денари. Во финалето ќе бидат доделени и наградите за најдобар стрелец, играч и голман.
Официјалното отворање е утре (среда) во 18:30 часот во Спортската сала „Парк“, а веднаш потоа во 18:45 часот е првиот натпревар помеѓу екипите на „ПАОК“ од Солун и „Алупласт Васил“ од Јосифово. Следуваат уште два натпревари помеѓу: „Христ Мил“ и „Еко Контрол“ во 19:45 часот и ФК „Дрвош Оранжерии Хамзали“ и ФК „Беласица“ во 20:45 часот.