Според првите проекции на ДИК во Изборна единица 4, дел од новиот парламентарен состав 6 пратеници се од Струмица и струмичкиот регион.
ВМРО-ДПМНЕ освои 13 мандати во „четворката“, а од струмичко како идни пратеници ќе бидат тројца: Ели Панова и Жан Дрвошанов од Струмица и Петар Марков од Ново Село.
СДСМ освои 5 мандати, а како пратеници од Струмица ќе бидат двајца: Јована Тренчевска и Борче Цветков.
И Движењето ЗНАМ освои 1 пратенички мандат во „четворката“, а тоа е носителот на листата за пратеници, Миле Цеков.