Од денеска, па се до 2 август во селото Градско Балдовци, општина Струмица се одржува првиот Илинденски турнир во мал фудбал кој има и хуманитарен карактер, бидејќи паричните средства кои ќе бидат собрани ќе се искористат за довршување на канбанаријата на новата црква во селото.
Турнирот го отвори претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски кој кажа дека како претседател на Советот и човек кој верува во локалната сила, горд е што Балдовци чекори напред, со иницијативи што го будат животот во секое маало.
„Овој турнир е симбол – дека кога ќе се сплотиме, секој празник има уште поголемо значење“ – кажа Даскаловски.
Првиот натпревар беше помеѓу екипата на „Полициска станица“ и „Силбо“, на кој победата ја однесе екипата на „Силбо“.