сабота, 18 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Од 4 до 8 август во Струмица по 18-ти пат Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

четврток, 27 јули, 2023 | 15:57
in Вести, Струмица
Од 4 до 8 август во Струмица по 18-ти пат Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“

Од 4 до 8 август, во Амфитеатарот во Струмица, ќе се одржи 18-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, во знакот на новите тенденции во кусометражниот, документарниот и авторскиот филм.

Во овогодишната програмска селекција има дваесет и три исклучителни кратки играни филмови, документарци и анимации кои ќе се натпреваруваат за „Златната“, „Сребрената“ и „Бронзената потковица“ и за неколкуте други награди. Главната програма е составена од: полскиот „3 генарации“ на Паулина Зиулковска, канадскиот „Гавранко“ на Шон Меккерон, британските  филмови „Дебитантката“  на Елизабет Хобс и „Уште жив“ на Лијам Сент-Пјер, американските „Еж“ на Д. Митри, „За скептиците“ на Дон Вестлејк, бугарскиот „Задача“ на Дејан Ангелов, иранскиот „Помош“ на Мехди Хосеинзадех, црногорскиот „Проценти живот“ на Владимир Перовиќ, францускиот „Таткото, синот и рав Калменсон“ на Дајан Д. Валид, португалскиот „Трговци со мраз“ на Жоао Гонзалез, германските „Шекспир за сите“ на Ханес Рал и „Живот во меур“ на Натали Мекмахон и Никола Дрвошанов, како и словенечкиот „Легендата за Златорог“ на Леа Вучко.

Од македонските филмови ќе бидат прикажани „Тале и Корона“ на Томислав Алексов, „Сценариото“ на Александра Кардалевска, „Звукот на тишината“ на Анастасија Лазарова Пилинг, како и дипломските филмови „Кажи ми дека сме за стварно“ на Максим Илковски и „Новиот почеток“ на Тања Симоновска.

Во програмата ги има и краткиот британски филм што оваа година доби Оскар, „Ирско збогум“ на Том Беркли и Рос Вајт, како и данскиот номиниран за Оскар „Ивалу“ на Андерс Валтер.

Фестивалот за првпат ќе има три светски премиери. Првата е австралиската фикција „Штипење“ на Eми Патмор и Ана Дворжак, филм за ученичка во последна година од средното училиште која се бори со тивката болест што ја крие од мајка си, и понатаму несетено совладувана од притисокот на семејството, нејзините врсници и општеството.

Втората фестивалска премиера ќе биде македонскиот „Лука“, во режијa и монтажа на Ице Виранов, по сценарио на Џејд Бинева, краток документарец што го прикажува животот на група млади музичари од Струмица, кои во кризни времиња за опстојување на алтернативната културна сцена се борат да најдат начини за изразување на својата музичка креативност и иновативност. Кинематографер е Столе Ангелов, камерата е на Иво Јанков, музиката на Ставро Ангелаков и Љубен Маџиров, а продуценти се Никола Пијанманов и Васил Михаил.

Специјална премиера ќе има и „Сонцето не грее на сите страни“, по сценарио и во режија на на Глигор Кондовски, филм што ја следи приказната за македонскиот Елвис Присли – Ване Црнгаров, роден во струмичкото село Куклиш, кој заминува да живее во Австралија. Камерата и монтажата се на Слаѓан и Давид Милошевски, Беби Зекировски и Иван Костадиновски.

Легендарната Каталин Ладик е овогодишен добитник на наградата „Астер“ за животно дело. Ладик (родена во 1942 г.) е филмска и театарска актерка, писателка, една од најистакнатите, најплодните и најнаградувани претставнички на алтернативната изведувачка уметност во поранешна Југославија и во Унгарија и една од највлијателните европски уметнички во последните децении. Кариерата ја започнала во 1963 г., кога дебитира на радиото и во театарот. Истата година ја проширува својата актерскa активност и на филмот и на телевизијата. Досега има одиграно многу значајни улоги во филмови од современи режисери, како Лордан Зафрановиќ, Карољ Вичек, Миклош Јанчо, Зоран Маширевиќ, Андраш Рајнаи и други. Во 1992 година се преселила во Унгарија, а во следните 20 години живеела и работела наизменично во Нови Сад, Будимпешта и на островот Хвар. Паралелно со своите улоги и книги, таа се занимава и со звучна и визуелна поезија, експериментална музика и перформанси.

Како дневни настани на „Астерфест“ се планирани Астер-портретот на Каталин Ладик, промоција на поновата филмска литература (Луис Буњуел, Дина Јорданова, Атанас Чупоски), во соработка со Кинотеката, како и други неформални активности.

На „Астерфест“ ќе има и проекција на реставрираната верзија на долгометражниот игран филм „Планината на гневот“, во знак на 5-годишнината од смртта на Љубиша Георгиевски и 55 години од продукцијата на филмот, со Ристо Шишков во главната улога.

Завршната вечер е предвидена за проекцијата на унгарскиот шеесетминутен „Звучен кафез“ на Корнел Силаги (Игор Бухаров), во чест на лауреатката Ладик, во повремена придружба на Георги Трајков со акустична гитара.

Официјалното стручно жири го сочинуваат: Гоце Ристовски, Дрита М. Фазлија и Мили Чумиќ.

Осумнаесеттиот „Астерфест“ се одвива под мотото „Со нови искуства“, а фестивалот е финансиски поддржан од Општина Струмица и од Агенцијата за филм на РС Македонија.

ShareTweetShare
Previous Post

ФК БРЕРА организираше Отворен ден со Горан Пандев по повод неговиот 40-ти роденден

Next Post

Двајца дипломати од Италија и Шпанија во Струмица промовираа книга – „Македонски погледи“

Related Posts

Даскаловски со благодарност до струмичани за сè што е направено заедно и за тоа што повторно ќе се пише новата победничка страница на Струмица
Вести

Даскаловски со благодарност до струмичани за сè што е направено заедно и за тоа што повторно ќе се пише новата победничка страница на Струмица

петок, 17 октомври, 2025 | 22:57
Петар Јанков ги повика струмичани на 19 Октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, за огромна победа во Струмица
Вести

Петар Јанков ги повика струмичани на 19 Октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, за огромна победа во Струмица

петок, 17 октомври, 2025 | 22:18
Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право
Босилово

Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

петок, 17 октомври, 2025 | 20:17
Приведен крадец во Струмица
Вести

СВР Струмица: Учесниците во изборниот процес да не шират дезинформации и да не ја злоупотребуваат полицијата во политички цели или конотации

петок, 17 октомври, 2025 | 19:31
Утре гласаат болните и изнемоштени лица – 1308 пријавени во струмичкиот регион
Босилово

Утре гласаат болните и изнемоштени лица – 1308 пријавени во струмичкиот регион

петок, 17 октомври, 2025 | 14:03
Во акциска контрола на СВР Струмица во регионот, 26 возачи во струмичко ја пречекориле брзината
Вести

Струмичанец пукал со воздушна пушка кон боци со плин на бензинска станица

четврток, 16 октомври, 2025 | 10:46

ТОП ВЕСТИ

Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право
Утре гласаат болните и изнемоштени лица – 1308 пријавени во струмичкиот регион
Струмичанец пукал со воздушна пушка кон боци со плин на бензинска станица

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Даскаловски со благодарност до струмичани за сè што е направено заедно и за тоа што повторно ќе се пише новата победничка страница на Струмица

Петар Јанков ги повика струмичани на 19 Октомври масовно да излезат, да го заокружат бројот 9, за огромна победа во Струмица

Народниот правобранител отвори телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

Утре гласаат болните и изнемоштени лица – 1308 пријавени во струмичкиот регион

Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist