недела, 26 октомври 2025
almak
No Result
View All Result
almak
almak
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
almak
almak
Home Вести

Објавена програмата за Get EXITed во Струмица на 7 септември

среда, 23 август, 2023 | 16:51
in Вести, Магазин, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Објавена програмата за Get EXITed во Струмица на 7 септември

Објавена е целосната програма на второто издание на Get EXITed настанот во преубавиот струмички Градски парк. ЕГЗИТ и Општина Струмица за 7 септември подготвуваат спектакл кој го предводат Џон Њуман, Бурак Јетер и Констракта, а сега им се придружуваат Ван Гог, Џамбо Агушеви Оркестар, Лана и „Д Георс“.

Овие одлични изведувачи за време на маратонската забава на посетителите ќе им донесат разновиден звук – од соул, поп и рок, преку најголемите глобални хитови, до музика на светот и техно! Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со општината Струмица, влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезниците по промотивната цена од 3.100 денари.

Суверената поп/соул ѕвезда Џон Њуман, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј Бурак Јетер и една од најпосебните музичарки на нашите простори Констракта на 7 септември ќе се најдат во исклучително друштво на колегите и колешките од регионот! Квалитетната гитарска страна на Get EXITed настанот ќе ја предводат рок ветераните на регионалната сцена, бендот Ван Гог. Во тридецениската кариера тие создадоа 10 студиски албуми, меѓу кои најновиот „More bez obala“. Овој бенд, оформен во 1986 година, наполни многу арени во Србија и светот и два пати ја освои регионалната „Емтиви“ награда. Пејачот, гитарист, автор на песните и фронтмен на групата , Звонимир Ѓуриќ – Џуле во 2019 ја објави книгата „Ван Гог – Море без брег“, со стихови од песните, фотографии и, како што се вели во описот на книгата – тајни.

Македонскиот Џамбо Агушев Оркестар потекнува токму од Струмица, а денеска е еден од најдобрите трубачки ансамбли на Балканот. Првото аудио-издание за меѓународниот пазар го објавија во 2016 година, што беше важен чекор во трасирањето на патот на овој бенд кон светската сцена, додека во 2020 пристигна вториот албум, насловен „Brasses For the Masses“, и тоа за угледната германска издавачка куќа „Асфалт Танго“. Овој албум донесе одлична изведба, но и нов, практично фанки звук, како и композиторска разновидност која Оркестарот Џамбо Агушеви во полн сјај ќе ја покаже во струмичкиот Градски парк.

На овој Get EXITed настан ќе бидат претставени и исклучителни млади уметници од полето на електронската музика, меѓу кои се Лана (Lanna) и Д Георс (The Geors). Лана е продуцентка и диџејка од Нови Сад, една од најперспективните млади надежи на електронската сцена. Нејзиниот пат кон ѕвездите почна кога на 13 години за прв пат настапи на Егзит како најмлада учесничка, а зад себе веќе има настапи со најголемите глобални имиња, меѓу кои се Нина Кравиц, Амели Ленс, Пол Калкбренер и Индира Паганото. Лани есента започна да ги објавува првите изданија – прво „My Journey“, а потоа и ЕП „White Shadows“ во соработка со Себастијан Хас. Така стана најмладата продуцентка на Топ 100 Прогресив-хаус листата на Битпорт. Оваа инспиративна млада музичарка е воедно и првото име кое истапи пред сеопфатниот центар на ЕГЗИТ за развој на глобални музички ѕвезди, насловен „EXIT Echosystem“.

„Д Георс“ е македонско мелодик-техно дуо составено од двете сестри близначки – Патриција и Андреа Геор. Патувањето во светот на електронската музика го започнаа во 2015 година, а освен во родната Македонија, до сега настапувале и во Швајцарија, Грција, Албанија, Бугарија, додека глобалните сцени секако ги очекуваат. Покрај големата љубов кон класичната музика и свирењето клавир и виолина, сестрите Геор зад себе имаат и успешни кариери во манекенството, кои траат повеќе од деценија.

Со седум исклучителни изведувачи меѓу кои се Џон Њуман, Бурак Јетер, Констракта, Џамбо Агушеви Оркестар, Ланна и Д Георс, второто Get EXITed издание ветува несекојдневно разновиден музички настан на кој сите се добредојдени! Влезот е слободен, додека за посетителите кои овој голем настан сакаат да го доживеат на специјално ниво во продажба се ВИП влезници по промотивна цена од 3.100 денари. Струмичкиот Get EXITed го организира тимот на ЕГЗИТ во соработка со Општина Струмица.

ShareTweetShare
Previous Post

Во прекин патниот правец Струмица – Берово

Next Post

Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Струмица – градоначалникот задоволен од неговата реализација

Related Posts

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Вести

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија

четврток, 23 октомври, 2025 | 20:44
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор
Вести

Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор

четврток, 23 октомври, 2025 | 13:57
Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун
Вести

Македонија денеска празнува – 132 години од основањето на Македонска Револуционерна Организација во Солун

четврток, 23 октомври, 2025 | 08:03
Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички
Вести

Денеска се празнува Преподобен Теофил Струмички

четврток, 23 октомври, 2025 | 07:22
ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка
Вести

ИПАРД средствата императив и за пчеларите – за Ѓорѓи Делев од Штука кој произведува над 3 тони мед потребна е само поддршка

среда, 22 октомври, 2025 | 12:52
Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат
Вести

Даскаловски: Им честитам на ВМРО-ДПМНЕ за изборната победа и лично му честитам на Петар Јанков за освоениот мандат

понеделник, 20 октомври, 2025 | 10:58

ТОП ВЕСТИ

Младите струмичани од претставата „Стјуардеси“ настапија на меѓународен театарски фестивал во Србија
Во Струмица одбележан празникот 23 Октомври – новоизбраниот градоначалник Петар Јанков го имаше својот прв говор
Петар Јанков објави победа уште во првиот круг – тој ќе е новиот градоначалник на Струмица

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Во сабота на струмичкиот плоштад ќе се одржи 5-от „АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2025“
Во Скопје вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии од Ристо Шишков
Тактичко-показна вежба – симулација на пожар и земјотрес во училиштето „Никола Карев“
Граѓанска трибина на тема: „МОЗОЧНИ УДАРИ – ризик фактори, симптоми, дијагностика и превенција“
„Здравјето на прво место – фармацевтите во служба на заедницата“ – ПЗУ аптека „ЕЛИКСИР“ организира настан

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist