петок, 5 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

ОБСЕ сакаше да им ги презентира на градоначалниците од Југоистокот позитивните практики од постоењето на Локален Совет за превенција, но не дојдоа

четврток, 1 јуни, 2023 | 10:13
in Вести, Струмица

Претставници од Мисијата на ОБСЕ во Македонија вчера беа во посета на Струмица. Покрај работните средби на амбасадорот Килијан Вал со градоначалникот Костадинов, претставници на институции и невладини организации, ОБСЕ заедно со СВР Струмица организираше и работен состанок на тема „Формирање и одржување на Локален совет за превенција“ на кој беа поканети сите десет градоначалници од Југоисточниот регион. Сакаа на градоначалниците да им ги презентираат позитивните практики и функционирањето на оваа неформално тело, но не дојдоа. Освен домаќинот, градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, градоначалникот на општина Богданци, Блаже Шапов и претставник на општината Валандово, на работниот состанок повеќето градоначалници ги немаше.

„Од денешната состојба на присутни може да видиме колкав е интересот или колкава е свесноста за постоењето на ваква алка каква што е Локалниот Совет за превенција“, кажа во своето обраќање претставникот на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Алексеј за неприсуството на градоначалниците од регионот.

Тој говореше за важноста од потребата на локални совети за превенција во секоја општина или барем во поголемите општини во државата. Како позитивен пример ја посочи Општина Струмица и функционирањето на нејзиниот Локален Совет за превенција, кој во изминатата година разреши многу горливи проблеми во градот Струмица.

„Благодарение на овој Совет ги решивме дивите продавачи на земјоделски производи и текстил коишто беа распослани долж булеварите, околу пазарот „Чешел“, а со силна и заедничка одлука на сите партнери во Советот го формиравме и првиот стационар „Лана“ и системски го решаваме проблемот со бездомните кучиња. Продолжуваме со нови предизвици како што се вандализмот врз урбаната опрема и ченчерите. Советите се многу важни, особено по негативните примери од соседство, а кои не сакаме да се повторат кај нив, ниту да се случат кај нас. Колку повеќе дискутираме и отвораме дијалог за проблемите коишто ги имаме и им погледнеме во очи, толку побрзо и ќе најдеме решение, а решение има само доколку сите надлежни институции функционираат како едно, а токму тоа и го правиме во нашиот Совет за превенција“ – кажа во своето обраќање градоначалникот Костадин Костадинов.

ShareTweetShare
Previous Post

Точете гориво на „БЕНЗОИЛ“ и учествувајте во големата Наградна игра

Next Post

Во Струмица има 18 згрижувачки семејства – со Хепенинг одбележан Денот на згрижувачките семејства

Related Posts

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Вести

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

петок, 5 декември, 2025 | 14:39
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Вести

Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри

петок, 5 декември, 2025 | 08:20
Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“
Вести

Јани Бојаџи пред струмичката премиера: „Утре наутро е филм за нашите трауми – после 27 април ние повеќе не сме истите луѓе“

петок, 5 декември, 2025 | 08:07
Градоначалникот Костадинов со реакција по прес конференцијата на министерот Цветан Трипуновски
Вести

Костадинов со реакција на Фејсбук: Наводите за криминал со електричните автобуси се целосно неосновани

четврток, 4 декември, 2025 | 15:50
На 11 септември стартува јавниот градски превоз во Струмица со 10 електрични автобуси
Вести

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

четврток, 4 декември, 2025 | 15:28
Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели
Вести

Општина Струмица повторно ги активира урбаните и месните заедници – избрани нови совети и претседатели

четврток, 4 декември, 2025 | 09:05

ТОП ВЕСТИ

Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките
Голем подвиг на струмичките планинари на Андите – членови на ПК „Ентузијаст“ освоија врв над 6000 метри
Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Струмица, Костадинов и уште петмина за набавката на електричните автобуси

ВЕБ БИЛБОРД

МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон МЛЕКАРА ЈОКА вработува работник во производствен погон
МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица МЛЕКАРА ЈОКА вработува откупувач на суровина (млеко) за реон Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
„Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар „Power up Avtoservis“ вработува автомеханичар
Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА

ВЕСТИ од Македонија

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

НАЈАВА

За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември
MOVEMBER во Струмица: Едукативна трибина за машкото здравје на 20 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist