понеделник, 8 декември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
almak
Home Вести

Новогодишно обраќање на градоначалникот Костадин Костадинов

недела, 31 декември, 2023 | 19:24
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов со новогодишно обраќање до своите сограѓани пред доаѓањето на Новата 2024 година.

Драги и почитувани мои сограѓани,

Во минатогодишното обраќање кон вас се осврнав на магијата на мигот и новогодишната ноќ, на еуфоријата на празнувањето, меѓутоа, оваа година што помина ме направи поискусен и помудар и сакам, од самиот почеток, низ наративот на моето обраќање кон вас, да провејува една поесенцијална и подлабока нишка и да ве потсетам дека таа магија треба да ја живеете секој ден. Сакам да ве потсетам дека животот не е цел, животот не е вчера или утре, животот е денес и овде, дека целиот живот е всушност само една      низа од сегашни моменти.

Наскоро тоа денес ќе биде денот и ноќта кога преминуваме од една во друга година, а најчесто е само еден обичен ден. Треба сами да решиме чудото на новогодишната ноќ, насмевките, среќата, искрените честитки што дарежливо и без калкулации ги даваме во тие моменти, понесени од неоптовареноста на животот, да ги даваме во текот на целата година и да научиме да ги  подаруваме и како утеха.

За да можеме да дадеме некому нешто, мора прво да го најдеме во себе: да погледнеме во себе, да го исчистиме товарот од нашите души, да решиме да го живееме животот како да е чудо – со љубов, кроткост, милосрдие, послушност и трудољубивост за да можеме истото да го сториме и за   другите.

Преку одблесокот на новогодишните светилки и празничното расположение, најпрво да се осветлиме самите себеси и да направиме место за таа светлина трајно да се насели во нашите срца и да биде водилка за секој знаен или незнаен што ќе ја загуби попатно. Да гледаме со очите на дете, да чувствуваме со срцето на детето што никогаш не престанало да живее во секој од нас. Да не ни треба посебен повод да се сакаме, да си помагаме или да се радуваме едни на други. Животот и здравјето сами по себе да станат честитка и да се стремиме сите заедно да ги оствариме – како сограѓани и како луѓе пред сѐ. Да делуваме сплотено и зеднички, како и досега, да продолжиме да ја градиме иднината на нашата општина за да може еден ден сите, со радост во срцето, да се сеќаваме на сѐ што ќе сториме во текот на годината што доаѓa.

Животот е битка сам по себе, да не го правиме и битка со луѓето околу себе. Да бидеме сѐ помалку суетни и сѐ повеќе смирени, затоа што смирениот не познава злоба, нетрпеливост, завист или омраза. Никогаш ништо не се постигнало со непријателство или зло, па затоа со почит, услужливост, кроткост, мирољубивост и љубезност да создаваме љубов и да дозволиме раѓање на великодушноста во нас и умножување на истата околу нас.

Ниедна световна сила не е поживотворна или поразорна од силата на човековата мисла и делување, па затоа оваа година користете ја мудро и со благородни побуди. Бидете причина за нечија насмевка, бидете причина за некој да си ја поврати вербата во животот и луѓето. Посакајте им на луѓето околу вас тоа што си го посакувате и себеси. Истото ви го посакувам и јас вам, од длабочината на моето срце.

Едни без други сме ништо, заедно сме сѐ.

Среќна Нова 2024 година и благословени Божиќни празници.

Костадин Костадинов,
градоначалник на општина Струмица
ShareTweetShare
Previous Post

Новогодишна честитка од градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов

Next Post

Градоначалникот Костадинов, традиционално на новогодишната ноќ во посета на дежурните јавни служби во Струмица

Related Posts

Вечерва Струмица најзагадена со 343 мигрограми на метар кубен
Вести

Струмица ќе го одбележува патрониот празник – Денот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици

понеделник, 8 декември, 2025 | 15:11
Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември
Вести

Годишен концерт на КУД „Браќа Минкови“ во Куклиш на 13 декември

понеделник, 8 декември, 2025 | 14:07
Жена загина во тешка сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и автомобил кај Владевци
Вести

Тешко повреден струмичанец откако со автомобилот излетал од патот кај селото Марена, кавадаречко

понеделник, 8 декември, 2025 | 13:17
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Маж од Банско физички ја нападнал сопругата, со која со месеци не живееле заедно

понеделник, 8 декември, 2025 | 11:49
Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Вести

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи

понеделник, 8 декември, 2025 | 08:21
Денеска се слави Свети Климент Охридски
Вести

Денеска се слави Свети Климент Охридски

понеделник, 8 декември, 2025 | 07:26

ТОП ВЕСТИ

Свечена академија: ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиље одбележа три големи јубилеи
Актерската екипа на „Утре наутро“ во Струмица: Премиера која ја доближи приказната до публиката
Општина Струмица постави професионални прочистувачи на воздух во училиштата и градинките

ВЕБ БИЛБОРД

СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица СЕ ИЗДАВА стан од 80м² на „Ленинова“ спроти паркот над „Риверсофт“ во Струмица
СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната СЕ ИЗДАВА стан од 50м² во зградата спроти Пожарната
Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка Хотел „Студио ИН“ Струмица вработува собарка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Денеска се слави Свети Климент Охридски

За студентите објавен е јавниот повик за доделување ваучери во вредност од 15.300 денари за набавка на електронски уреди

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

НАЈАВА

Во недела Свечена академија по повод трите јубилеи на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Дабиле
За четврток, претседателот Никола Маџунков ја закажа третата седница на Советот на општина Струмица
На 3 декември ќе се одржат собири на граѓани за избор на членови на советите на Урбаните и Месните заедници во општина Струмица
Денеска во Струмица – Панел дискусија: „Магијата на создавање храбри, мислечки и сочувствителни личности“ на МОН
Струмица го очекува 13. Фестивал на Источно црковно пеење – сабота, 22 ноември

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist