И годинава на плоштадот во Струмица ќе се одржи Новогодишен Базар, почнувајќи од 24 декември, недела до 30 декември, сабота. На плоштадот „Гоце Делчев“ веќе се поставени куќарките каде локални брендови ќе ги продаваат своите производи, ќе се нудат и пијалоци за освежување, кафе, чај, сокови, а сите денови ќе бидат збогатени и со културно-забавна програма.
По отворањето, утре недела во 12:00 часот со музичката претстава за деца „Возможната мисија на Paw Patrol и Снешко Смешко“, свој музички настап од 13:00 часот ќе има познатиот струмички гитарист Горан Алиќ.
Во понеделник, 25 декември во 16:00 часот е настапот на ХИТС БЕНД, а во 17:30 часот Таки и Анела.
На 26 декември (вторник) во 16:00 часот ќе настапат „Дактили“, а во 17:30 часот свој музички настап ќе има Мите Арапов.
Во среда, 27 декември, според програмата на годинашниот Новогодишен Базар во 16:00 часот ќе настапи Јовче Пандев, а во 17:30 часот момчето од „Пинковите Ѕвездички“, Трајче Ѓоргиев.
На 28 декември (четврток), во 16:30 часот ќе настапат САН ТРИО, а во 17:30 часот Ana & The Girls.
Во петок на 29 декември доаѓа караванот на Coca Cola, кој на плоштадот ќе биде два дена, (петок и сабота) од 10:00 до 22:00 часот.