Новиот претседател на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица, Леонид Танчев кој на ова функција беше избран кон крајот на месец март, денеска имаше средба со пензионираните наставници и професори по физичко и здравствено образование од основните и средни училишта во струмичкиот регион, на која беа информирани за активностите на Општинскиот Сојуз на училишен спорт – Струмица во изминатата година, а Танчев ги слушна и нивните предлози, сугестии како да се подобри училишниот спорт во основните и средните училишта. Дружењето поминало и во евоцирање на спомени од училишните спортски натпревари во изминатите години, кога тие биле професори по физичко.