Во Струмица спроти некогашното Кино „Балкан“ партијата Нова Алтернатива предводена од претседателката, актуелната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска денеска отворија Изборен штаб на партијата.
„Нова Алтернатива функционира и се консолидира. Партијата на претстојните Парламентарни избори ќе оди со свои листи во сите шест изборни единици, а носителите на изборните единици ќе ги објавиме наскоро“, најави Арсовска која присуствуваше на отворањето на Изборниот штаб во Струмица.
Таа кажа дека борбата за подобра Македонија никогаш не запира, а денеска ја продолжуваат во Струмица.
„Насмеани луѓе, храбри и одлучни заедно здружени конечно да ставиме крај на погубните политики поради кои во Македонија секоја година сѐ полошо се живее, сѐ повеќе млади се иселуваат затоа што не веруваат дека има правда. Да ставиме крај на тридецениското самоволие и неказнивост. Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива“, кажа Данела Арсовска.