Од ЈПКД „Комуналец“ информираат дека поради дефект на главна водоводна линија ф-250, корисниците на улиците „Крушевска Република“, „Балканска“, „Киро Абравшев“ и дел од булевар „Маршал Тито“ во градот Струмица се без водоснабдување. Екипи на комуналното претпријатие се на терен и работат на отстранување на дефектот.
„Поради обемноста на дефектот екипите остануваат да работат се до отстранување на дефектот и нормализирање на состојбата“ – соопштуваат од „Комуналец“.