Македонија денеска одбележува 33 години од спроведување на Референдумот на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. Убедливо мнозинство, над 95% од граѓаните што излегоа на референдумот на 8 Септември 1991 година, позитивно одговорија на референдумско прашање за независност.
По повод Денот на независноста, во 10:00 часот на плоштадот во Струмица, пред споменикот на Гоце Делчев, ќе се одржи Свечена церемонија, а покрај реч за историографијата на празникот, настапот на младите од Домот за деца и млади „Благој Мучето“, ќе биде полжено и свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев.
Вечерва во 20:00 часот ќе биде отворен 32-от интернационален Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционално секоја година започнува на Денот на независноста и ќе трае до 13-ти Септември.
Нека ни е честит Денот на независноста! За многу години Македонци!