Невреме проследено со обилни врнежи, град и грмотевици го зафати градот Струмица и струмичкиот регион вечерва пред 20:00 часот. Улицата „Младинска“ повторно во вода, дел од централното градско подрачје е без електрична енергија. Засега нема информации за поголеми штети, а екипите на „Комуналец“ и Противпожарната единица на Струмица интервенираат на терен.