Вработените во ЈКП „Огражден“ од Босилово добија специјална работна облека во вредност од 20.000 евра, донација од „Дијаспора Петралинци – Швајцарија“, информираше градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев.
Станува збор за висококвалитетна работна облека која ќе ја користат вработените во комуналното претпријатие при извршување на секојдневните работни задачи. Донацијата се состои од повеќе видови на работни панталони (кратки, со прерамки и без прерамки), повеќе видови на јакни (зимски и летни), маици, флуоресцентни елеци и слично.
„Оваа опрема треба да ги задоволи потребите на вработените во ЈКП „Огражден“ Босилово за период од неколку години. Изразувам голема јавна благодарност до „Дијаспора Петралинци – Швајцарија“ која повеќе пати донира во општина Босилово“, вели градоначалникот Манчев.