21-годишниот аргентински интернационалец стави потпис на 2 и пол годишен договор со ФК „Академија Пандев“. Франко во струмичкиот тим доаѓа од аргентинскиот прволигаш „Росарио Централ“, каде ја има поминато и целата младинска школа. Франко игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец, информираат од клубот. Од таму додаваат дека со овој трансфер ја завршија „реконструкцијата“ на тимот за пролетниот дел од првенството.