Синоќа во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Е.В.(41) и Л.Г.(18), двајцата од струмичко село. Е.В. се сомничи дека на 20.06.2024 година во селото физички ја нападнал неговата невенчана 38-годишна сопруга, а нејзиниот син Л.Г. и упатувал закани, информираат од струмичката полиција.
Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното Јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.