Градоначалникот Костадин Костадинов најави дека нови 1212 канти за отпад ќе им бидат доделени на дел од домаќинствата во Струмица како „трета канта“ за селектирање на отпад, по ланската втора за селекција на пластика и лименка. Станува збор за канти за селекција на отпад кои ЈПКД „Комуналец“ ги доби како донација од Министерството за животна средина, а паралелно беа обезбедени и 50 контејнери со капацитет од еден метар кубен и нови 7 полуподземни контејнери со капацитет од 5 метри кубни отпад, со што сега во градот има вкупно 27 контејнери.
„Околу 6.000 тони ѓубре годишно ни завршува надвор од контејнерите, сериозен предизвик за заедничко дејствување на општината, Советот и „Комуналец“ во подигањето на свеста на граѓаните колку е важно одговорно да се однесуваме кон животната средина и сите заедно да ја направиме Струмица поубаво место за живеење“ – кажа градоначалникот Костадинов.