По соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица се огласи и градоначалникот Костадин Костадинов, потенцирајќи дека оваа војна против него и неговиот тим е лична за лично транзициско профитерски интереси.
„Моја Струмицо не дозволувај да бидеш излажана изманипулирана заради транзициски профитери кои еднаш биле поддржувачи на една партија сега се во друга!
Наводното противење на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не е заради интереси на граѓаните, замислете единствена опозиција во светот која се против дуплирање на зелени површини за 100%
Оваа војна против мене и мојот тим е лична за лично транзициско профитерски интереси!
Наведуваат лаги дека Струмица нема тешка индустрија…
Лажат и тоа многу.
Ова почитувани граѓани е правилникот за урбанистичко планирање во кое јасно е наведено која култура, која намена е тешка индустрија.
G1.4 e тешка индустрија за производство на неметали!
Колку компании познавате кои во името на фирмата стои терминологија од правилник за урбанистичко планирање “Неметали”
Познавате една
Моја Струмицо со вас сум во борбата против неотворени рудници, кои не се на територија на Струмица и успеавме!
Овој нов фронт е против убиец кој веќе убива и тоа во срцето на Струмица!
Ви ветувам, победуваме и овде!
За чиста и зелена Струмица!“ – напиша градоначалникот Костадинов.