Во раните утрински часови, тим од седум пожарникари – спасители од ТППЕ Струмица учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден кој за неколку денови опустоши стотици хектари нискостеблеста дабова и борова шума. Теренот е крајно непристапен, но сепак тимот успеа да се доближи до самото жариште на пожарот. Гаснењето е во координација со четири авиони „Ер трактори“, два на ДЗС и два од Република Турција и ќе се дејствува до крајот на денот. Крајниот северозападен крак на пожарот речиси целосно е ликвидиран и во моментов се работи на југозападниот крак веднаш до границата со Република Бугарија – информираат од Противпожарната единица на Струмица.