Новогодишната ноќ во Струмица и струмичкиот регион била претежно мирна, во знакот на новогодишното расположение, барем според информациите од Итната медицинска помош.
Како што не информираше д-р Томе Станковиќ, началник на Итната медицинска помош при ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, во текот на ноќта 50-тина граѓани побарале помош, но претежно хронично болни лица и со покачен крвен притисок. Неколку граѓани со повреди од користење на пиротехнички средства побарале помош во амбулантата, но се здобиле со лесни повреди, а помош побарале и неколку млади луѓе во алкохолизирана состојба. Четири интервенции имале на терен по повик на единствениот број за итни случаи 112.