На 17 и 18 март од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ во содејство со полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграции, на Граничниот премин Богородица и во околината на Гевгелија се лишени од слобода четири лица, од кои три странски државјани (еден од Република Турција, двајца од Република Албанија) и еден државјанин на Република Северна Македонија, поради сомнение дека сториле кривично дело фалсификување исправа, казниво по член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Имено, на 17.03.2023 година на излез од државата, А.А.(52) од Турција на увид дал турска возачка дозвола за која постои сомнение дека е фалсификувана.
На 18.03.2023 година при контрола на патничко возило „Хјундаи Санта фе“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(29) од Струмица, е утврдено дека се извршени корекции на бројот на шасијата на возилото.
Истиот ден од страна на двајца албански државјани, Г.К.(45), кој управувал патничко возило „Даимлер Крајслер“ и Е.Д.(49), кој управувал патничко возило „Тојота“, двете со грчки национални ознаки, доставени се на увид фалсификувани албански возачки дозволи.
Четирите лица се приведени и во консултација со дежурен јавен обвинител за сите се поднесени кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство.