СВР Струмица информира дека синоќа околу 18:00 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Струмица патничко моторно возило „Тојота” со струмички регистарски ознаки, управувано од И.В.(22) од село Моноспитово, струмичко, удрило во пешакот И.У.(38) од Струмица. Во сообраќајната незгода со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во струмичката болница. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.