На Денот на независност на Македонија, 8-ми Септември НУ „Завод и Музеј“ Струмица ќе ги отвори вратите на Постојаната музејска поставка во просториите на установата, „Куќата од староградски тип на архитектура” (позната како Турска пошта) на улицата „Тошо Арсов“ број 23 и Галеријата на Икони во црквата „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица. Овие места во рамките на настанот „Отворен град“, а по повод независноста на Македонија ќе бидат со слободен влез за сите граѓани во времето од 08:00 до 16:00 часот.