Од Општина Струмица информираат дека во Југоисточниот плански регион планирано е во раните утрински часови и во текот на пладневните часови да се изврши теристичка и ларвицидна дезинсекција. Во општините од струмичкиот регион планирано е во деновите:
На 06.06.2023 година (вторник) во општините Струмица, Босилово и Ново Село, а на 07.06.2023 година (среда) во општина Василево.
Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши кога временските услови ќе бидат подобрени.
Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.