На 22 мај со почеток во 19:00 часот во Домот на културата во Ново Село ќе биде промовирана книгата „Раскази од Пирго – монографски приказ на општина Ново Село“. Монографијата ги опишува не само географските картеристики на регионот, неговите природни реткости, туку дава издржан опфат на историските случувања во тој реон.
„На Ново Село само името му е ново, населбите, културниот и цивилизациски процес овде траат непрекинато девет милениуми“ – сведочи дел од Монографијата предочувајќи ја неолитската населба и пронајдоците.