На светскиот Ден на лицата со Даун синдром – 21 март на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица со почеток во 12:00 часот ќе се одржи Музички хепенинг на кој учество ќе земат ученици од основните и средните училишта.
Денот на пролетта воедно и Денот на лицата со Даун синдром на симболичен начин ќе биде одбележан со една единствена цел да се испрати јасна порака дека лицата со Даун синдром се тука меѓу нас и ние треба да им помогнеме тие да се чуствуваат еднакви граѓани на оваа општество.
Хепенингот е завршен дел од кампањата „Различно Исти“ на Здружението за помош и поддршка на лица со Даун синдром „Вера“ од Струмица.