Каква моќна интерпретација на хитот „Do It Like a Dude“ од Jessie J., на музичкото шоу „The Voice of Germany“ со гласот на 20-годишната струмичанка Тина Русева.
Тина Русева, младата пејачка од Струмица, која од пред неколку години со родителите и братот се преселија во Леверкузен, Германија, во оваа сезона се натпреварува во шоуто „The Voice of Germany“ и со својата интерпретација ги воодушеви и жирито и публиката присутна на шоуто, но и целиот ТВ аудитириум што го следеше синоќешното издание од 15-тата сезона на „The Voice of Germany“.
Нејзиниот настап беше оценет како енергичен, технички прецизен и полн со самодоверба, што предизвика сите членови на жирито да се свртат и да ја поздрават со аплауз.
По завршување на песната, Тина избра да стане дел од тимот на Nico Santos, кој бил еден од тие што ја привлече нејзината изведба и покрај интересот од повеќе членови на жирито. Медиумите во Германија ја издвојуваат како едно од најпријатните изненадувања во новата сезона на шоуто.



























