Најмалите фудбалери на „Академија Пандев“ – генерација 2015 од Струмица вчера ги завршија натпреварите во групната фаза на првиот Меѓународен турнир во Сандански, Бугарија – „Вихрен Куп 2023“.
„Во група од пет екипи овие деца фудбалери на Пандев дојдоа до третото место со исти бодови како второпласираните, но поради послаба гол разлика не се пласираа за денешното полуфинале“ – информираат од „Академија Панев“.
Со две победи и два порази денеска ќе го одиграт и последниот натпревар за петтото место против екипата на „Академија Величков“ од Софија.
„Децата имаа одлично дружба, ново и за нив прво искуство со супер квалитетни екипи“ – велат од „Академија Пандев“.