Младиот шахист од Струмица Мартин Гоцев, член на Шаховскиот клуб „Цареви кули“ стана шампион на Отвореното првенство на град Скопје за млади од 8 до 12 години, кое викендот се одржа во организација на Шаховски Сојуз на Град Скопје. Тој го освои златниот медал во категоријата до 8 години.
„Ова е феноменален резултат за една многу млада личност која со својот талент и упорна работа успеа да се закити со овој вреден шаховски трофеј“ – објавија на својата Фејсбук страница од Шаховскиот клуб „Цареви кули“ Струмица.
Покрај Мартин, на турнирот учествуваа уште 9 членови на клубот кои исто така освоија високи резултати:
До 8 години (U8):
1 – Мартин Гоцев – 6 поени
9 – Јован Вукашиновиќ – 4,5 поени
15 – Мартин Велков – 4 поени
17 – Трајче Карадакоски – 3.5 поени
33 – Давор Диков – 1 поен
До 10 години (U10):
12 – Тодор Партенов – 3,5 поени
18 – Стефан Ончев – 2,5 поени
22 – Иван Илиев – 1 поен
До 12 години (U12):
4 – Кристијан Кавазов – 5 поени
27 – Јован Крумов – 2 поени