Младиот струмички рап артист Даниел Стојков, кој твори под уметничкото име Дако, ја објави својата нова песна со наслов „Мами 2“. За миксот, мастерингот и графичкиот дизајн се погрижи струмичкиот креативец Борис Наков – Лакас, со кого Дако има богата соработка, и индивидуално, и како дел од Lakas Creative Lab.
Даниел Стојков има издадено повеќе песни почнувајќи од 2016 година, достапни на неговиот канал на Јутјуб. Соработувал со повеќе домашни и странски артисти. Во август 2016 година настапува на хип хоп фестивалот во Струмица.
Новата песна на Дако е посветена на неговата мајка.