Вечерва од 19:30 часот во малата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, 15-годишниот Лука Г. Костов ќе ја промовира својата прва книга-стихозбирка насловена „Филигран од мастило“. Во неа се застапени 40-тина негови творби создадени во изминатите години, а со дел од нив учествувал на повеќе литературни манифестации.
Промотори на стихозбирката на Лука ќе бидат м-р Владе Ефтимов и Даниела Пејева Митева.