Одбојкарите на „Струмица 47&72“ се ново-стар шампион во машка младинска конкуренција. Повеќекратниот првак ја продолжи доминацијата во конкуренција до 21 година, откако во финалето на Ф4 турнирот во Скопје со 3:0 (25:16, 25:17, 25:15) го совлада ОК „Борец“.
Велешкиот состав се обиде да понуди (по)силен отпор, но не можеше комплетно да се носи со тимот на Јован Ристоманов, кој имаше контрола на играта во текот на сите три сета.
„Имаме шампиони. Имаме таленти. Имаме ИДНИНА. Овие момци денес не освоија само титула – тие ни покажаа што значи тим, љубов кон играта и срце за клубот. Минатата година беа прваци. Оваа година уште посилни, уште посигурни, не го дадоа шампионскиот статус“ – напишаа на социјалните мрежи од струмичкиот клуб по освојувањето на шампионската титула во младинска конкуренција.
ФОТО: ОФМ