Младинките на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица станаа шампионки на Државното одбојкарско првенство во младинска конкуренција
Одлична одбојкарска претстава приредија девојките вечерва во салата „Борис Трајковски“ во Скопје против ОК „Вардар ЕМ“.
Со неизвесност и тесни резултати во сите пет сета „Наковски Волеј“ го надиграа својот ривал со резултат од 3:2 во сетови.
Младинките на „Наковски Волеј“ уште еднаш покажаа дека се достојни за шампионска титула.