21-годишната струмичанка Семија Демова, готвач во тимот на „Concept food and Caffe bar“ се закити со злато и бронза на Меѓународното отворено првенство на туристичко-угостителски работници „Доживејте ги највкусните моменти“, кој во моментот се одржува во Будва, Црна Гора. На ова отворено првенство со кое и официјално се отвора новата туристичка сезона на Будванската ривиера учествуваат готвачи од 12 држави од регионот.
Семија Демова со своите кулинарски вештини и креативност ги задоволи највисоките критериуми на жирито кое и додели злато за приготвеното и вкусно рижото како и бронза за начинот на приготвената риба.
Ова е прво учество на Семија на едно меѓународно натпреварување каде заедно со Иван Велков и Анита Самарџиоска ја преставуваат Македонија. Таа на натпреварот како најмлада учесничка успеа да експериментира, но и да создаде прекрасни вкусови во специјалитетите што ги приготви и да ги импресионира публиката и жири комисијата.