четврток, 4 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Митрополитот од Грција г. Дамаскин денеска служеше и во храмот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Леонтиј“ во Водоча

четврток, 21 септември, 2023 | 16:55
in Вести, Струмица
Митрополитот од Грција г. Дамаскин денеска служеше и во храмот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Леонтиј“ во Водоча

Денеска на празникот Рождество на Пресвета Богородица, Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин, кој од вчера е во Струмица отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Покров на Пресвета Богородица и Св. Леонтиј“ во Водоча во сослужение со надлежниот Митрополит Струмички г. Наум и неговиот Викарен Епископ Стобиски г. Јаков.

„За време на Литургијата се потсетив на зборовите „колку е добро кога браќата живеат заедно“. Сите заедно околу Светата трпеза и да Го возљубивме Оној што ни го подари животот и Оној што ни ја подари перспективата на спасението, бидејќи гревот не оддели од Живиот Бог. Денеска се собравме овде да го прославиме големиот празник Раѓањето на Пресвета Богородица, бидејќи таа е причина да се роди Бог и да се роди нашата надеж за спасение. Таа е која нѐ води и ни го покажува патот на спасението кој е Исус Христос. Таа е која нѐ прегрнува и во среќни и во тажни моменти во нашиот живот“ – кажа г. Дамаскин во своето обраќање пред верниот народ.

Тој се осврна и на предизвиците пред кои се исправени сите балкански земји, а се поврзани со теми кои се неприфатливи за нас.

„Треба да бидеме свесни за светоста на семејството. Семејството е клетка на животот. Бог ја продолжува својата творба преку благословен брак и благословено семејство. За жал од запад ни доаѓаат многу верувања кои се туѓи за нашето верување и многу туѓи и непознати за културата на балканските народи. Затоа ве молам сите, да ги образувате вашите деца во христијанската вера, да бидат секогаш блиску до Црквата, до Христос и до Богородица“ – кажа г. Дамаскин.

Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, г. Дамаскин му се заблагодари и на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов за неговото присуство на Литургијата, истакнувајќи дека нивната работа е заедничка, да го водат народот по вистинскиот пат, подарувајќи му икона на Пресвета Богородица во спомен на празникот. Градоначалникот Костадинов од Митрополит г. Дамаскин доби покана тој како градоначалник и верниот народ да ја посетат неговата епархија и Цариград, како гости на Цариградскиот Патријарх г. Вартоломеј, со негов благослов.

„Ова за мене преставува голем поттик да продолжам да се борам со предизвиците на современието во духот на традиционалните христијански вредности“ – напиша на Фејсбук градоначалникот Костадинов.

ФОТОГАЛЕРИЈА

ФОТО: Тивериопол.мк
ShareTweetShare
Previous Post

Во Струмица изгоре автомобил

Next Post

Со велосипедско дефиле во Струмица одбележан Светскиот Ден без автомобили и Европската недела на мобилност

Related Posts

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Вести

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица

среда, 3 септември, 2025 | 21:48
Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември
Вести

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

среда, 3 септември, 2025 | 16:32
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион
Босилово

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински во посета на струмичко-радовишкиот регион

среда, 3 септември, 2025 | 15:52
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Вести

Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“

среда, 3 септември, 2025 | 15:31
Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот
Вести

Миле Цеков: Струмица ќе добие езеро со мултифункционален парк – проект што ќе ја промени иднината на градот

среда, 3 септември, 2025 | 09:00
На булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица се пукало со огнено оружје – кој пукал?
Вести

Струмичанец украл мопед од вулканизер, фатен е и приведен во полициска станица

вторник, 2 септември, 2025 | 10:50

ТОП ВЕСТИ

Петар Јанков е кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Струмица
Општина Струмица: Подмирени сите обврски кон ЈП „Паркиралишта Струмица“
Во општина Струмица 492 првачиња зачекорија во основното образование

ВЕБ БИЛБОРД

Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар
Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници Фирмата „Амбалажни сервис“ има потреба од работници

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist