Новогодишната ноќ во Струмица и струмичкиот регион била претежно мирна, во знакот на новогодишното расположение, барем според информациите од Итната медицинска помош.
Во текот на ноќта имале неколку млади лица кои во алкохолизирана состојба побарале помош. Екипи на Итната медицинска помош биле во домашна посета, а во изминатите 12 часа регистрирани се 30-тина прегледи на пациенти со настинка, грип, стари лица кои имале потреба од лекар и слично.