Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на „Фејсбук“ објави дека денеска при посетата на Струмица ја посетил и Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“, каде се сретнал со директорот на Фондацијата, односно поранешниот премиер Зоран Заев.
„Благодарност од срце за иницијативите на Фондацијата Заев за остварувањето на образовни, социјални, научни и хуманитарни интереси, преку унапредување, поддршка и развој на граѓанското општество, деловната заедница, културата, спортот, уметноста, јавното здравје, едукацијата на млади во различни области и заштита на животната средина“, напиша Спасовски на Фејсбук.
Тој додава дека продолжуваат со соработката која значи европска трансформација на општественото живеење во нашата држава.