недела, 14 септември 2025
almak
No Result
View All Result
Radio StrumicaNet
No Result
View All Result
Home Вести

Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица

четврток, 16 ноември, 2023 | 13:09
in Вести, Струмица, ТОП ВЕСТИ
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица
Министерот Оливер Спасовски со „Отворен кабинет“ во СВР Струмица

Во рамки на серијата посети со проектот „Отворен кабинет“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средби со граѓаните во СВР Струмица, како дел од веќе утврдениот концепт „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.

„Преку овој проект сакам лично и непосредно да ги слушнам мислењата на граѓаните, како полицијата да придонесе за поголемо спокојство на секој поединец, бидејќи ние сме тука токму за граѓаните, да се грижиме за нивната безбедност”, истакна министерот Спасовски во изјава за медиумите.

„Утринава остварив и работна средба со раководството на овој Сектор, при што бев запознаен со безбедносната состојба на подрачјето на СВР Струмица, состојбите со криминалитетот, како и активностите кои ги преземаат полициските службеници во насока на намалување на стапката на криминалитет во приоритетните области, одржување на поволен јавен ред и мир, безбеден патен сообраќај и превенција, со единствена цел – подигнување на безбедноста на подрачјето на секторот и заштита на граѓаните. Согласно презентираните показатели, безбедносната состојба на ова  подрачје е поволна, што е особено важно за локалната заедница, но и во рамки на генералната безбедносна оценка за државата”, кажа министерот Спасовски. Притоа, тој сподели статистички податоци како поткрепа за оценката на безбедносната состојба.

„Откривачката ефикасност во делот на вкупниот криминалитет на подрачјето на СВР Струмица во првите 10 месеци од 2023 година, споредбено со истиот период претходната година, бележи зголемување за 21%. Зголемена ефикасност во тековната 2023 година имаме и во делот на класичниот криминалитет, со зголемена реализацијата на кривичните дела за 20% споредбено со 2022 година. Во делот на тешките кражби, во периодот од јануари до октомври 2023 година имаме зголемување на ефикасноста во расветлувањето на тешките кражби за 19% споредбено со истиот период 2022 година.  а намалување СВР Струмица бележи и во делот на економскиот криминал. Покрај ова, за 19% се намалени прекршоците во 2023 година во делот на јавниот ред и мир компаративно со десетте месеци од 2022 година. Исто така, во однос на безбедноста на сообраќајот, можам да констатирам дека евидентирано е намалување за 10% на сообраќајните несреќи со смртни последици, а само во првите 10 месеци од оваа година реализирани се 1968 превентивни активности на различни теми на подрачјето на СВР Струмица”, кажа министерот Спасовски, со уверување дека и во наредниот период на ова подрачје ќе продолжи зголемената динамика, како на превентивните активности, така и на репресивните мерки, а средбите со граѓаните во рамки на „Отворен Кабинет“ ќе бидат мотив повеќе за уште подобри резултати и силно продолжување на концептот „МВР за ГРАЃАНИТЕ“.

ShareTweetShare
Previous Post

Комедијата „Te Dua, жими мене“ повторно ќе се прикажува во Центарот за култура во Струмица

Next Post

Спасовски: Интензивно ја зголемуваме безбедноста и ја продолжуваме превентивната кампања „Кажи НЕ на дрогата, ДА на животот“

Related Posts

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Вести

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“

недела, 14 септември, 2025 | 00:46
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Вести

Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот

недела, 14 септември, 2025 | 00:26
ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков
Вести

ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ја достави кандидатската листа за советниците – носител е д-р Никола Маџунков

сабота, 13 септември, 2025 | 21:18
Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица
Вести

Јасмина Пијанманова ќе ја предводи листата на кандидати за советници во Советот на општина Струмица од партијата Левица

сабота, 13 септември, 2025 | 20:09
Струмичанец загина во Гевгелија откако со својот автомобил удрил во паркиран автобус
Вести

Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

сабота, 13 септември, 2025 | 11:21
ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати
Вести

ЗНАМ до ОИК Струмица ја поднесе листата со кандидати за советници – Александар Илиев ќе ги предводи 23-та кандидати

петок, 12 септември, 2025 | 20:16

ТОП ВЕСТИ

Билјана Драгичевиќ Пројковска – лауреат на 33-от ФКТ „Ристо Шишков“
Четири кандидати за градоначалник на општина Струмица, а седум кандидатски листи за Советот
Во сообраќајка кај Костурино повредени три лица

ВЕБ БИЛБОРД

Cvejo ВРАБОТУВА! Cvejo ВРАБОТУВА!
Бутик од Струмица има потреба од работничка Бутик од Струмица има потреба од работничка
Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови Специјалист логопед нуди логопедски прегледи и терапии во домашни услови
МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА МЛЕКАРА ЈОКА ВРАБОТУВА ОПЕРАТОР НА МАШИНИ ВО СТРУМИЦА
Млекара ЈОКА вработува! Млекара ЈОКА вработува!
Се издава наместена гарсоњера со тераса Се издава наместена гарсоњера со тераса
Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници Рафинеријата за масло „ОСТРОГ ЛУНА“ вработува 10 работници
Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица Се продава мал двособен стан во центарот на Струмица
Поправка на сите видови фриждери, клими и комори Поправка на сите видови фриждери, клими и комори
Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар Се издава „Familly dessert bar“ во Струмица со целиот инвентар

ВЕСТИ од Македонија

Забраната за движење низ шумите продолжена до 30 септември

Онлајн закажување термин за фотографирање за лични документи

Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

НАЈАВА

Репертоар на 33. ФКТ „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември
На 3-ти септември хуманитарен концерт за помош на малата Тијана
Пазарот во Ново Село наместо во четврток ќе биде отворен во среда
Во вторник премиера на „Стјуардеси“ – парите од продажбата на билети ќе бидат донирани за 9-годишната Тијана
Вечерва „финале со мозаик од емоции“ – Завршува 14-то издание на „Струмица Опен Фестивал“

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ
Адреса: „Бел камен” бр. 12
2400 Струмица, Македонија
Жиро сметка: 300030000159066
Комерцијална Банка

Радио СтрумицаНет  е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залага за почитувањето на етиката и професионалните стандарди во известувањето. СЕММ е тело за саморегулација во медиумите и е орган што ги разгледува и одлучува по жалбите во однос на известувањето на медиумите.

©2009-2023. Сите права задржани | ИМПРЕСУМ | УРЕДУВАЧКА ПОЛИТИКА | УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ | РЕКЛАМИРАЊЕ | Контакт: 074 20 50 50, е-маил: [email protected] | Создадена од: ArkaHost

Jasa PBN – Jasa Backlink Terbaik

No Result
View All Result
  • Вести
  • Струмица
  • Василево
  • Босилово
  • Ново Село
  • Флеш вести
  • Магазин
  • Видео

РАДИО СТРУМИЦАНЕТ ДООЕЛ ул : Бел камен бр 12 2400 Струмица
Жиро сметка : 30003000159066 Комерцијална Банка ©2009 - 2022

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist