Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е во Струмица на средба со граѓани во турското маало.
„Би сакал да апелирам до сите граѓани дека законот мора еднакво да важи за сите и никој не смее притоа да злоупотребува било каква позиција во рамки на институционалните позиции коишто ги има за да на било каков начин влијае на било кој гласач, незаконски, со уцени, присилби, закани и било кои други незаконити дејствија за да ја насочи волјата на гласачите кон едни или кон други. Станува збор за казниви дејствија согласно Кривичен законик со ригорозни затворски казни, така да нека не се секираат граѓаните, Министерството за внатрешни работи и полицијата, како и полициските службеници ги имаат потребните капацитети за да одговорат соодветно на сите оние незаконитости коишто евентуално би можеле да се случат во наредниот период“ – кажа министерот Тошковски.