Градоначалникот Костадин Костадинов денеска во неговиот кабинет одржа средба со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова информирајќи ја за проектите кои се во фаза на реализација, меѓу кои е изградбата на велосипедски патеки, создавањето современа вело инфраструктура во градот, селекцијата на отпад, а коишто го подобруваат квалитетот на животот и истовремено ја заштитуваат животната средина.
Во фокусот на разговорот беше воведувањето на целосен електричен, еколошки јавен превоз во општина Струмица, а за што се формира посебно јавно претпријатие „Струмица Транспорт“.
Министерката Шукова го поддржа овој проект, но и останатите активности на општината за поголема заштита на животната средина. Кажа дека Министерството ќе ги земе предвид и ќе ги разгледа можностите за поддршка на активностите за електрификација на јавниот транспорт преку обезбедување на финансиски средства за дополнителна опрема, потребна за системот да биде оперативен.