Струмичкиот бизнисмен Миле Цеков, претседател на Општинската организација во Струмица на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде носител на листата на пратеници од оваа новоформирана партија на Максим Димитриевски во Изборната единица 4 на претстојните Парламентарни избори кои ќе се одржат на 8 мај.
„Македонија заслужува промени и подобра иднина. Време е да се одважат поинакви од досегашните, време е за чесните и искрените. Никогаш во мојот живот немам работено во јавната администрација. Доаѓам од приватниот сектор и никогаш немам аплицирано за ниту еден државен тендер или јавна набавка ниту пак во иднина ќе аплицирам. Ќе покажам дека функцијата не го расипува човекот, туку нечесните ја расипаа политика. Доаѓаат нови времиња! Работите никогаш повеќе нема да бидат исти! НИЕ од движењето ЗНАМ ќе ги донесеме тие промени! Како иден пратеник во Собрание на РМ, ќе продолжам неуморно да работам за сите граѓани подеднакво. Ќе работам исклучиво во граѓанскиот интерес, за сите Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци и сите останати застапени заедници кои живеат во Македонија“, напиша Цеков на Фејсбук.